Вчера граѓаните на Велес беа сведоци на опустошување и уништување на градското зеленило пред поранешниот офицерски дом.

Без никаква најава или објаснување беше исечен цел дрворед долж тротоарот, а имаме информации дека планирано е да се исечат уште стебла кои го красат и хранат со кислорот воздухот во градот. Овие дрва се само дел од уништеното зеленило во Велес во изминатиов период. Претходно на ист начин беа исечени дрвја во градскиот парки и на велешкото езеро Младост, пред хотелот Глориус.

Ние ја разбираме потребата од обновување на зеленилото и отстранување на деградираните дрва поради безбедноста на граѓаните, но не интересира каде до сега е посадено ново дрво во градот или општината под раководство на СДСМ и господинот Аце Коцевски знае само да уништува, а не знае да гради и создава нови зелени површини во градот.

Во моментов Велес се соочува со зголемено ниво на ПМ 10 честички во воздухот кои се над максималното дозволено ниво како и зголемено присуство на јаглероден моноксид. Наместо општината да се зафати со масовно пошумување во градот и околината и да бара решение за загадувањето тие ги сечат и онака малкуте дрва низ градот.

Истовремено поранешниот еколкогист, а сега пратеник од СДСМ господинот Др. Ненад Коциќ нема никаква реакција за редицата исечени дрва од вчера ниту за тие од претходно. Велешани паметат дека тој беше еден од најбурните критичари на локалната власт претходно кога се сечеа дрва па тогаш реагираше макар и за едно исечено дрво.

Сакаме да го прашаме господинот Др. Ненад Коциќ дали ја заврши својата кариера како екологист сега кога стана пратеник и повеќе не го интересира здравјето на велешани? Доколку не е така тој ќе реагираше на ова касапење на градското зеленило, а исто така неговата пратеничка група ќе го поддржеше предлог амандманот за пошумување на Велес од 10 милиони денари предложен од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во новиот ребаланс на буџетот.

Властите од СДСМ не ги интересира ниту здавјето на граѓаните, ниту зеленилото во градот. Во нивната психолошка матрица е да уништуваат, а не да градат. Но велешани знаат да го препознаат лицемерието и лажната грижа и тоа нема да им го заборават.