ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес на сите велешани им го честита 9-ти Ноември денот на ослободувањето на градот од фашистичкиот окупатор и денот на градот.

Седумдесет и шест години горд и слободен Велес.

Овој ден кој е симбол на слободата на градот нека ни е водилка и патоказ за во иднина. Нека ни е спомен на жртвата, на сите згаснати животи за слобода и за подобар и поубав град. За нас ќе остане долгот да ја зачуваме со крв стекнатата слобода и со мака изградениот Велес, но и да направиме и изградиме нешто повеќе за идните генерации.

Нека ни е честит денот градот!
Нека е вечен Велес!
Нека е вечна Република Македонија!