Извршен Комитет

Извршниот комитет е политичко-извршен орган на Централниот комитет, чиј број се утврдува со одлука за негов избор.

Извршниот комитет делува врз основа на политичките насоки, заклучоци и задачи на претседателот на Партијата и на Централниот комитет.

Со работата на Извршниот комитет координираат претседателот и потпретседателите на Партијата.

Членови на Извршен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ :

Христијан Мицкоски - Претседател

Игор Јанушев - Генерален секретар - Член на ИК

Владо Мисајловски - Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ - Член на ИК

Александар Николоски - Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ - Член на ИК

Митко Јанчев - Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ - Член на ИК

Трајко Славески - Член на ИК

Коце Трајановски - Член на ИК

Ане Лашкоска - Член на ИК

Дафина Стојаноска - Член на ИК

Даниела Рангелова - Член на ИК

Проф. Д-р. Драги Димитриевски - Член на ИК

Проф. Д-р. Силвана Ангелевска - Член на ИК

Владимир Ѓорчев - Член на ИК

Игор Божиновски - Член на ИК

Кирил Пецаков - Член на ИК

Доц. Д-р. Игор Николов - Член на ИК

Владимир Нелоски - Член на ИК

Иван Јорданов - Член на ИК

Цветан Трипуновски - Член на ИК

Орце Ѓорѓиевски - Член на ИК

Бајрам Требишки - Член на ИК

Димитар Димовски - Член на ИК

Дајанчо Ефтимов - Член на ИК

Тони Михајловски - Член на ИК

Костадин Богданов - Член на ИК

Лука Кржалоски - Член на ИК

Извршен комитет

Член 26

Извршниот комитет е политичко-извршен орган на Централниот комитет, чиј број се утврдува со одлука за негов избор.

Извршниот комитет делува врз основа на политичките насоки, заклучоци и задачи на претседателот на Партијата и на Централниот комитет.

Со работата на Извршниот комитет координираат претседателот и потпретседателите на Партијата.

Член 27

Извршниот комитет работи на седници.

Седниците ги свикува и со нив раководи и претседава претседателот на Партијата.

Извршниот комитет за својата работа одговара пред претседателот на Партијата и пред Централниот комитет.

Член 28

Извршниот комитет:

донесува Деловник за работа на Извршниот комитет ;

донесува одлука за основање на Градски комитет-Скопје, општински комитети, општински поткомитети, унии и асоцијации;

Усвојува деловници за организациона поставеност и работа на органите на униите и асоцијациите на партијата ;

го разгледува финансиското работење на Партијата и донесува финансиски план и годишна сметка;

именува и разрешува претседател на Градскиот комитет-Скопје, претседатели на општинските комитети и претседатели на општинските поткомитети;

именува и разрешува членови на Градскиот комитет-Скопје и на општинските комитети;

именува и разрешува координатори на региони;

донесува одлуки за бројот на регионите;

врши избор на претседателите на униите, асоцијациите и форумите;

донесува правилник за одговорноста на членовите на Партијата;

основа дисциплинска комисија, која одлучува во втор степен;

основа и други комисии и тела;

донесува одлуки, заклучоци и други акти и

на предлог на Претседателот донесува одлука за ангажирање на повремени советници на Извршниот комитет

Член 29

Извршниот комитет може да запре од извршување на одлуки и други акти на општински комитети, поткомитети и Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ-Скопје, на унии и асоцијации, доколку се во спротивност со програмата и Статутот на партијата.

 

 

 

Author: Super User
Печати

ВМРО-ДПМНЕ

Општински Комитет - Велес

ул.8ми Септември б.б, 1400, Велес

Телефон: +389 43 612 102 

Факс: +389 43 612 102 

Email: 
ok-veles@vmro-dpmne.org.mk