Нема монопол

Жално е што новинарството во оваа ситуација претставува заложник на желбата на една медиумска и политичка елита која сака да живее надвор од законите. Да се биде сопственик на медиум или да се биде дел од раководство на владејачка партија во време на транзицијата, очигледно е дека било огромна привилегија. Во прашање било само дали сакате и колку сакате да се занимавате со незаконски дејанија

Една информативна редакција, мислам телевизиска. Една информативна редакција, но весникарска. И уште една. И уште една. И уште една... А помеѓу и уште една телевизиска фреквенција, многу фирми и дуќани. 

Додека го пишувам ова помислувам на законите во Република Македонија, во кои целосно е забранета медиумската концентрација, но тие и онака досега не важеле за секого еднакво, па затоа и секоја помисла на нив досега била залудна. 

Многу е значајно за Република Македонија да покаже дека знае да се справи со криминал од секаков карактер. Без разлика дали станува збор за транспорт на пола тон кокаин, трговија со жени, фалсификувано производство на цигари или, пак, фиктивни фактури, прикривање данок и придонеси. Многу е значајно да се докаже дека законите ќе се применуваат во која било ситуација, без разлика дали некој е политичар, член на една или на друга партија, дали е сопственик на пола град, роднина на некој висок функционер или сопственик на синџир медиуми.

Жално е што новинарството во оваа ситуација претставува заложник на желбата на една медиумска и политичка елита која сака да живее надвор од законите. Да се биде сопственик на медиум или да се биде дел од раководство на владејачка партија во време на транзицијата, очигледно е дека било огромна привилегија. Во прашање било само дали сакате и колку сакате да се занимавате со незаконски дејанија. А за другото нема грижа, с` ви е дозволено. Така се учеше и така се создаваше нашата транзициска елита.

А за да жалиме повеќе, очигледно ни станува дека и неколкуте 

самопрогласени елитисти во новинарството се граделе себеси врз истите принципи. Замислете, с` едни исти новинари, неколку на број, за себе имаат претстава дека се дел од елитата. Тие ни велат дека никој друг не е значаен, без разлика од која редакција и медиум доаѓа. Тие истите се прогласуваат себеси за толку значаен фактор, што ја негираат улогата на сите останати медиуми и новинари. Дури и демократијата е нивна последица, толку се заљубени во себе. Тие сами себеси се прогласуваат за факторот кој одлучува која партија ќе дојде, а која ќе замине од власт. Народот не е битен, гласачите не се битни, единствено битни се неколкуте само прогласени елитисти меѓу многуте новинари.

Е сега, тоа што низ нивното минато има и еден милион загонетни работи, тоа не смее да се праша. Тоа е загрозување на слободата на медиуми. Не смееме да прашаме дали некој од нив знаел за криминалите на својот газда, не смееме да прашаме дали некој од нив имал екстра-приход, дали некој од нив имал неоданочени приходи, не смееме да прашаме дали и ја злоупотребиле својата работа за да вработат некое свое дете, внук или братучед во истата фирма или во друга поврзана фирма, не смееме ни да прашаме за транспарентност, ни за еднаквост ни за ништо. Така е поставена демократијата. Не гледај ме што правам, гледај ме што зборувам.

Ако на сето ова се додадат и хајките што се прават против луѓето кои ќе се дрзнат да кажат макар и по еден збор со резерва или критика, ќе дојдеме до вистинската ситуација. Медиумот како средство за лична комоција. Нема разлика дали тоа е бизнис-интерес, политички интерес или суета. С` е исто. А да потсетам дека улогата на медиумите не е таа. Улогата на медиумите е да бидат репрезенти и заштитници на јавниот интерес. Да бидат демократски репрезенти. Да имаат кредибилитет. Да бидат заштитници, а не прогонувачи.

Како и да е viagrasstore.net. Секој ќе продолжи да си ја работи својата работа онака како што најдобро знае. Можеби овие луѓе така знаат. Ние тоа мора да го почитуваме. Но и тие треба да се научат да почитуваат туѓо мислење, па макар и да е различно. Нема монопол, почитувани пријатели, нема. 

Многумина прашуваат дали ова е дното. Дали може и полошо. Дали некој повеќе може да се стави во улога на заштитник на политички, партиски или бизнис-интереси. Но, тие што се искрено вознемирени с` уште не можат да разберат дека ова е добра епизода во развојот на демократијата. Сега сите знаеме како не треба. Сега сите знаеме да видиме како луѓе што граделе кредибилитет со години можат да си го упропастат за еден ден и за еден саат. Така оди тоа кога не се почитуваат принципите. Принципи на демократија, но и принципи на професионално новинарство.
Filed Under:
Колумни Датум на објавување Посети: 3834
Печати

ВМРО-ДПМНЕ

Општински Комитет - Велес

ул.8ми Септември б.б, 1400, Велес

Телефон: +389 43 612 102 

Факс: +389 43 612 102 

Email: 
ok-veles@vmro-dpmne.org.mk