Тезата сами си ја срушија

Овие денови бевме сведоци на една веќе видена ситуација. Сценарио кое не се случи еднаш, туку ни се повторува секоја година. СДСМ го искористи своето демократско право и одржа митинг на плоштадот Македонија. За мене е навистина чудно како партијата и граѓаните кои велат дека живеат под диктатура, слободно се собраа на митинг. Дали некој правеше проблеми или на кој било начин го спречуваше одржувањето на овој митинг, како што тоа го правеше СДСМ додека беше на власт. Напротив, с` помина во демократска атмосфера. Нема ни една буква од диктатура. Тоа е само вербална хајка која опозицијата ја води против власта. Но и таа теза, која сами си ја срушија, е една од многуте лажни тези со кои се обидуваат да се вратат на власт по секоја цена.


Не можеме да кажеме дека ова беше презентирање на кандидатите на СДСМ за градоначалници за општините во Скопје, кога на бината речиси и да не ги видовме, а уште помалку ги слушнавме нивните програми. Ни остана впечаток дека се тркаат за градоначалници само заради функцијата. С` уште не знаат што ќе работат. Ова не беше претставување ниту на коалициските партнери, бидејќи коалициските партнери беа само нем декор на случувањето на плоштадот. Ова не беше ниту митинг за презентација на политичката платформа што ги обедини коалициските партнери на т.н. Сојуз за иднината, бидејќи таква платформа едноставно нема. Граѓаните слушаа само гол и неоснован критицизам. За СДСМ се` што се случува во оваа држава не чини и не вреди. Ниту еден проект од илјадниците што ги спроведе оваа влада, за СДСМ не е во ред. 

На плоштадот во Скопје се собраа граѓани што редовно ги посетуваат митинзите на СДСМ. Нивното членство. Истата бројка, па дури и повеќе, беше и пред една година во Скопје. По тој митинг Бранко Црвенковски беше катастрофално поразен на избори. Тоа значи дека Сојузот за иднината не донесе промена во бројот на поддржувачите на СДСМ и присуство на митингот. Овој Сојуз ќе се докаже дека единствено ќе однесе, а нема да донесе дополнителна поддршка за СДСМ. За мене остана нејасно, а и помалку жално, зашти Љубчо Георгиевски не доби шанса, првпат, да се обрати пред верните поддржувачи на СДСМ. Тој и онака цел свој политички век се восхитуваше на СДСМ.

Јавноста очекуваше информација за политичката платформа која ги обедини партиите во коалицијата, но, за жал, за основата на партиското коалицирање јавноста не слушна ништо. Намерно бегаат од оваа тема, зошто нивното обединување е само заради спас на сопствените кариери. Не видовме ништо и од процесот на перманентно подмладување во партијата за кој се зборуваше. Напротив, ги видовме само старите и истрошени кадри кои ја водат таа партија речиси дваесет години. Се` беше исто како и во минатото, само што овој пат во синиот колорит се вклопи и вечниот (не)пријател на Црвенковски, Љубчо Георгиевски http://viagraindian.com/products/levitra/.

Бранко Црвенковски во стилот на сите свои говори од кампањата во 2002 година, па до денес, повторно се расфрлаше со големи ветувања за изградба на инфраструктурни и капитални проекти, кои за волја на вистината не ги видовме никогаш. Тој порача дека споменици и триумфални капии ќе бидат новите автопатишта и капиталните инвестиции. А ги ветува дваесет години и ние не успеваме да ги видиме. Но заборава дека Македонија веќе ги гледа триумфалните капии на СДСМ насекаде низ Македонија. Триумфалните капии на СДСМ се затворените фабрики, живите споменици на опљачкани и луѓе без работа, триумфална капија им е секој бетонски столб од пругата кон Бугарија и автопатот од Велес за Прилеп. С` капија до капија. С` гордост до гордост за СДСМ.

На крајот, Црвенковски како лидер на опозицијата, повторно легитимно, но помалку комедијантски, побара предвремени избори. Се потсетив дека исто, на ист начин, постапи пред една и пол година. Ништо поинаку. Истите луѓе, истите зборови и истите барања. Ќе ја спасувале Македонија велат, а притоа мислат единствено како да си ги спасат сопствените кариери. 

Црвенковски знае дека целосно е исто дали ќе изгуби на парламентарни или на локални избори. Дури и во СДСМ веќе се знае дека повеќе шанси за порази не смее да добие никој, па ни Црвенковски. Доволно се шест порази едно по друго. Затоа, знаејќи дека остана во битка сам, без ниту еден член на најтесното раководство на кандидатските листи за градоначалници, Црвенковски немаше личен избор. Или цела партија и цело раководство ќе разберат и ќе истрчаат на избори или тој сам ќе ги втурне во таа негова последна битка. Ако изгуби на локални, тој секако ќе мора да си оди од политиката. Тоа му го порачуваат неговите членови. Затоа изборот е јасен. Црвенковски нема што да изгуби повеќе. Ќе се бори на с` или ништо, без при тоа да води сметка за интересите на Македонија, на нејзините граѓани, ниту за СДСМ како целина.

За нас е јасно дека немаме намера да ја спасуваме кариерата на Црвенковски. Тоа е негова преокупација. Ние ќе продолжиме да работиме за да ги исполниме очекувањата на граѓаните на Македонија.
Filed Under:
Колумни Датум на објавување Посети: 8086
Печати

ВМРО-ДПМНЕ

Општински Комитет - Велес

ул.8ми Септември б.б, 1400, Велес

Телефон: +389 43 612 102 

Факс: +389 43 612 102 

Email: 
ok-veles@vmro-dpmne.org.mk