Oct 22

Поддршката за господинот Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Игор Здравковски:
Факт е дека во последната година многумина од претходното а и неколкумина од сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, сакајќи да ја избегнат одговорноста за лошото функционирање и ситуацијата во која се наоѓа ВМРО-ДПМНЕ во моментов, се затскриваа, работеа и дејствуваа против интересите на партијата. Нивното однесување е разбирливо земајќи ги ги предвид профилилите на тие ликови како и траекторијата по која го достигнале политичкиот зенит. Сакајќи да наштетат на партијата и на претседателот Мицкоски но и Груевски претходно, тие му наштетија најдиректно на македонскиот народ. Чекајќи овој момент да го искористат, истите кажуваат дека работите не се движат во добра насока со цел да се исперат за своите гревови и да се претстават како спасители. Претседателот Христијан Мицкоски за релативно краток рок, успеа да ја консолидира партијата, успеа да направи митинг на кој би му подзавидил секој актуелен и сегашен политичар и тоа без никакви притисоци, успеа со поглед да убеди 1.200.000 гласачи да не одговорат на срамното референдумско прашање. Овие истите пак, целиот тој период во сенка чекаа на грешка на раководството за да го истурат целиот отров. Убеден сум дека доколку не беа тие 7 уценети "терористи" што гласаа за отпочнување на процесот на уставни измени, ќе се најдеа други квислинзи кој ќе поддржеа таков процес. Затоа, господинот Христијан Мицкоски, претседател на моето ВМРО-ДПМНЕ ја заслужува целата моја поддршка.
 

Датум на објавување
Печати
Jun 13

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес за 16-та седницата на Совет на Општина Велес одржана на 11.06.2018 година

Почитувани  со оглед на медиумскиот мрак во кој се наоѓа  веќе подолг период работењето на советот на општина Велес, како најголема политичка партија икако советници избрани од граѓаните да ги застапуваат нивните интереси должни сме и да ги информираме граѓаните за одлуки кои се носат а ги засегнуваат лично нив.

На една од претходните седници на Советот на предлог на градоначалникот  Аце Коцевски  беше поднесена точка на дневен ред одлука за утврдување на висината на надоместок за јавна чистота кој беше утврден по 0.25 ден по м2  за физички и правни лица  која беше поддржана од членовите на советот од редовите на коалицијата  на СДСМ и коалиционите партнери .

Повеќе...

Датум на објавување
Печати
Jun 09

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ ОК ВЕЛЕС ЗА ХАОСОТ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО ВО ОПШТИНАТА

Почитувани сограѓани, за учениците помина уште една учебна година. Оваа учебна година ќе остане уште долго запаметена како една од најцрните години за образовниот систем, бидејќи знаете дека учебната година завршува на 31,08, а градоначалникот заедно со своите советници, покрај сите промашувања кои ги направи во тековната година, спрема и ново изненадување за граѓаните на општина Велес.

ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија смета дека покрај целата наметната медиумска едностраност и темнина, граѓаните мораат да бидат запознати со она што се случува во образовниот систем и со она што градоначалникот планира да го направи.

Повеќе...

Датум на објавување
Печати
May 31

Повик за антивладин протест на ВМРО ДПМНЕ ОК Велес

Повеќе...

Датум на објавување
Печати
May 20

ПОВИК За кандидирање на кандидати за Претседатели и членови на Комисии на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес

ПОВИК

За кандидирање на кандидати за Претседатели и членови на Комисии на

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес

Согласно одлуката на општинскиот комитет на ОК на  ВМРО-ДПМНЕ Велес, а врз основа на Статутот на ВМРО-ДПМНЕ се објавува Повик за кандидирање на кандидати за Претседатели и членови на Комисии на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес и тоа за:

Повеќе...

Датум на објавување
Печати
May 09

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОК НА ВМРО ДПМНЕ – ВЕЛЕС ИГОР ЗДРАВКОВСКИ

Почитувани сограѓани,

Почитувани претставници на медимите
ВМРО ДПМНЕ е најголемата политичка сила во Велес и во Република Македонија. Така било до сега, така ќе биде и понатаму.
Целта на денешната прес конференција е да ја запознаеме јавноста со кадровските промени кои неодамна се случија во општинскиот комитет, со насоките и правецот кој ќе го завземеме во наредниот период.

Повеќе...

Датум на објавување
Печати
Nov 24

СДСМ и Аце Коцевски избркаа 15 лица кои беа работно ангажирани во Општина Велес

Почитувани

СДСМ и Аце Коцевски избркаа 15 лица кои беа работно ангажирани во Општина Велес.

Наместо живот за сите како што ветуваа, 15 наши сограѓани добија отказ од работа. 

Власта во рацете на Аце Коцевски и СДСМ од денеска значи живот без основни средства за егзистенција за 15 велешки семејства.

Во текот на вчерашниот ден градоначалникот Аце Коцевски ги раскинал договорите на 15 наши сограѓани кои подолго време биле работно ангажирани во Општина Велес. 

Повеќе...

Датум на објавување
Печати

ВМРО-ДПМНЕ

Општински Комитет - Велес

ул.8ми Септември б.б, 1400, Велес

Телефон: +389 43 612 102 

Факс: +389 43 612 102 

Email: 
ok-veles@vmro-dpmne.org.mk