Oct 02

Зоран Заев денеска е непожелен во Велес

Почитувани

Зоран Заев денеска е непожелен во Велес. Граѓаните на Велес нема да излезат и да го поддржат него и вечниот кандидат за градоначалник Аце Коцевски.

На Велес му е потребен спас токму од вакви профитери и послушници кои се одговорни за упропастувањето на градот.

Рекордна невработеност во Велес имаше кога Владата ја предводеше СДСМ, пратеник во Собранието беше Зоран Заев, а градоначалник на Велес беше Аце Коцевски.

 

Зоран Заев и Аце Коцевски немаат направено ништо добро за градот. 

Велешани со СДСМ и Аце Коцевски имаат бележано само црни резултати, измами и ветувања кои никогаш не се исполнија. Денеска на митингот Заев и Коцевски ќе се удираат во гради и ќе глумат грижа за Велес.

Велешани знаат добро што тие имаат направено, но уште повеќе знаат што тие не направија. Тие ја имаа сета моќ да направат нешто за градот. 

Дното на економијата Велес го достигна кога Владата ја предводеше СДСМ, пратеник во Собранието беше Зоран Заев, а градоначалник на Велес беше Аце Коцевски.

Во 2005 Велес го достигна црниот рекорд по бројот на невработени лица. Речиси 17 илјади лица останаа без работа. Токму тогаш СДСМ управуваше со државата и го водеше градот. Во тој период СДСМ има премиер во владата, во собранието пратеник е Зоран Заев заедно со пратеничко мнозинство на СДСМ, а на позицијата градоначалник е Аце Коцевски. 

СДСМ и Аце Коцевски пред избори во центарот на Велес, на Сармаале, гласно ветуваа дека ќе вработи по еден член во секое семејство. Ветуваа и лажеа. 

Наместо вработувања имаше отпуштања. Велес со СДСМ во Владата, Заев во собранието и Аце Коцевски како градоначалник беше град кој економски пропаѓаше. Град во кој не се отвори ниту една фабрика, а се затворија десетици. Град во кој не се отвори ниту едно ново работно место, а се избркаа илјадници луѓе на улица без работа. 

Со СДСМ во Владата, Заев во собранието и Аце Коцевски како градоначалник, Велес беше заборавен град во Македонија. Немаше проекти за Велес. 

Немаше реконструкција на патишта, немаше проект за Мостот Гемиџии, не се започна изградбата на театарот, Браната Лисиче не се градеше туку се влечеше со години, во Болницата немаше нови апарати. 

Затоа велиме дека Велес памети. Велешани знаат колку не направија Заев и Коцевски за градот. 

На 15 октомври Велес нема да се враќа во минатото. Велес ќе продолжи напред!

Ви благодарам!

Датум на објавување
Печати

ВМРО-ДПМНЕ

Општински Комитет - Велес

ул.8ми Септември б.б, 1400, Велес

Телефон: +389 43 612 102 

Факс: +389 43 612 102 

Email: 
ok-veles@vmro-dpmne.org.mk