Oct 02

Градскиот стадион за кој денес Аце Коцевски ветува живот, во неговото време беше мртва точка на спортот

Почитувани,

Срамни, невистинити и без никава поткрепа се изјавите на Аце Коцевски дека ќе донесе живот во спортот. Да сакаше Коцевски можеше тоа да го направи во периодот од цели 9 години во кој беше Градоначалник. 

Но, наместо тоа, тој реши да им го сврти грбот на спортистите, на спортските клубови и на спортските работници.

 

Во време на Аце Коцевски велешките спортски клубови играа во најниските лиги, едвај опстануваа, немаше никава помош од општината, љубителите на спортот не доаѓаа на натпревари, а младите немаа никакви услови за спортување.

Градскиот стадион за кој денес Аце Коцевски ветува живот, во неговото време беше мртва точка на спортот, но и една од најлошите слики за градот воопшто. 

Господине Коцевски:

- Зошто 2 мандати не направивте ништо за стадионот?

- Во вашите 9 години колку пати побаравте градот да го превземе стадионот од државата?

- Зарем не ви беше срам што теренот на градскиот стадион во ваше време личеше на обична ливада?

Почитувани,

Не велиме само ние дека Аце Коцевски го уништи спортот во градот. Тоа лично го потврди и Зоран Ѓуровски, човек кој претходно беше Советник и Претседател на Сојузот на спортови на Град Велес, а денес е повторно на листата на советници на СДСМ. Ѓуровски, јавно на седница на Советот на општина Велес го нарече Коцевски: „ГРОБАР на велешкиот спорт“.

За разлика од времето на Коцевски, сега градскиот стадион во Велес го има еден од најубавите фудбалски терени во државата, терен за кој општината вложи 82 000 евра во подготовка на дренажниот систем. Потоа, целосно се  реновирани и соблекувалните, просториите за официјалните лица, а на трибината поставени се 1000 столчина.

Сето ова велешани го гледаат. Го гледаат и можат да споредат со вашето време. 

Затоа, на 15 Октомври граѓаните ќе го изберат бројот 13. Ќе го изберат Славчо Чадиев за градоначалник и Листата на советници на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Александар Колев. За продолжување на делата во спортот! Затоа што спортот ги сплотува сите, ни носи радости, уживање, победи. 

Ви Благодрам! 

Датум на објавување
Печати

ВМРО-ДПМНЕ

Општински Комитет - Велес

ул.8ми Септември б.б, 1400, Велес

Телефон: +389 43 612 102 

Факс: +389 43 612 102 

Email: 
ok-veles@vmro-dpmne.org.mk