Oct 03

Аце Коцевски ја поскапи цената на водата за над 200 проценти.

Во време кога Аце Коцевски беше градоначалник и кога невработеноста во Велес броеше рекордни 17 илјади лица, тој реши уште повеќе да им го загорчи животот на велешани со поскапи цени на водата за пиење.

Со повисоки сметки тој одземаше од семејниот буџет на велешани за да ги вработи во ЈКП Дервен роднините на функционерите на СДСМ.

Еве ја Одлуката на ЈКП Дервен од времето на Аце Коцевски за покачување на цената на водата. Ова е одлуката со која тој направи велешките домаќинства, школи, градинки и фирми да ја плаќаат најскапата вода за пиење во цела Македонија.

Ете вака почитувани велешани владееше Аце Коцевски во неговите 9 години.

На 15-ти октомври граѓаните уште еднаш ќе порачаат дека неговото време одамна помина.

 

 

Датум на објавување
Печати

ВМРО-ДПМНЕ

Општински Комитет - Велес

ул.8ми Септември б.б, 1400, Велес

Телефон: +389 43 612 102 

Факс: +389 43 612 102 

Email: 
ok-veles@vmro-dpmne.org.mk