May 20

ПОВИК

За кандидирање на кандидати за Претседатели и членови на Комисии на

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес

Согласно одлуката на општинскиот комитет на ОК на  ВМРО-ДПМНЕ Велес, а врз основа на Статутот на ВМРО-ДПМНЕ се објавува Повик за кандидирање на кандидати за Претседатели и членови на Комисии на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес и тоа за:

КОМИСИЈА ЗА УРБАНИЗАМ И ГРАДЕЖНИШТВО                     

КОМИСИЈА ЗА ЕКОНОМИЈА ИНДУСТРИЈА И ФИНАНСИИ

КОМИСИЈА ЗА ПРАВНИ РАБОТИ                                                

КОМИСИЈА ЗА СПОРТ И МЛАДИ

КОМИСИЈА ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО                                                 

КОМИСИЈА ЗА ЕКОЛОГИЈА

КОМИСИЈА ЗА КУЛТУРА                                                               

КОМИСИЈА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

КОМИСИЈА ЗА ЗДРАВСТВО                                                                                                                                                              

КОМИСИЈА ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА РАБОТНИ ОДНОСИ И ВРАБОТУВАЊЕ

Кандидатите за Претседатели и Членови на Комисиите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес потребно е да достават биографија (CV) и барање за членство во една од Комисиите.

Почнувајќи  од денот на објавување на овој Повик, кандидатите треба пополнетите материјали да ги достават најдоцна до 21.06.201година во Седиштето на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес (8 ми Септември бр. 62)  или преку Aпликацијата на веб страната www.vmro-dpmne-veles.org.mk

По доставувањето на кандидатурата секој кандидат дополнително ќе биде контактиран од Седиштето на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес и со него ќе биде извршен разговор од страна на комисија.

Сите кандидати имаат подеднакви шанси да бидат избрани, зависно од личните квалитети, успесите во минатото и визијата за иднината. Се потикнуваат да се кандидираат сите кои ги споделуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ, визијата за развој на град Велес и Република Македонија како и оние кои се чуствуваат подготвени своето професионално знаење да го стават во функција на напредокот на градот и државата. Секој пријавен кандидат ќе биде третиран со строга дискреција, со цел за заштита на кандидатите кои нема да бидат избрани.

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес го задржува правото да ги провери податоците кои се доставени.

По завршувањето на процедурата на избор, секој кандидат има право да ја подигне неговата документација, по негово сопствено барање. 

Со почит

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес

 

АПЛИКАЦИЈА

Датум на објавување
Печати

ВМРО-ДПМНЕ

Општински Комитет - Велес

ул.8ми Септември б.б, 1400, Велес

Телефон: +389 43 612 102 

Факс: +389 43 612 102 

Email: 
ok-veles@vmro-dpmne.org.mk