May 09

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОК НА ВМРО ДПМНЕ – ВЕЛЕС ИГОР ЗДРАВКОВСКИ

Почитувани сограѓани,

Почитувани претставници на медимите
ВМРО ДПМНЕ е најголемата политичка сила во Велес и во Република Македонија. Така било до сега, така ќе биде и понатаму.
Целта на денешната прес конференција е да ја запознаеме јавноста со кадровските промени кои неодамна се случија во општинскиот комитет, со насоките и правецот кој ќе го завземеме во наредниот период.

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ - Велес од неодмана има ново раководство. Довербата да ја води најголемата политичка партија во Велес ја добив јас, Игор Здравковски.
Во животот за мене најзначајни вредности се чесноста, искреноста, транспаретноста, семејството, соживотот...Така ќе биде и во политиката. Цврсто ќе стојам зад овие вредности, затоа што сметам дека тоа е вистинскиот правец во кој треба да се движиме.

Велес не е голема средина.
Повеќето од граѓаните се познаваме меѓусебно
Денеска сакам јавно на сите да им порачам дека во Општинскиот комитет има нова енергија, енергија која значи почит за сите граѓани, подадена рака за секој што има било каква идеа, предлог, сугестија.
Сакам да ги повикам велешани, ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ зад програмата на ВМРО ДПМНЕ, зад идеите на ВМРО ДПМНЕ, зад љубовта кон нашата држава.

Почитувани,
Зад мене се дел од луѓето кои во иднина ќе бидат движечката сила – моторот на партијата.
За потпретседатели се избрани Александар Бузалков и Кирил Лазов , додека секретар е Дејан Палашев.
Во Општинскиот комитет членуваат уште триесетина луѓе кои идат од различни професии како доктори, професори, правници, економисти, наставници, архитекти, луѓе вработени во приватниот сектор, луѓе сопственици на фирми итн…
Сите до еден докажани професионалци, дел од нив поискусни со многу идеи, а дел се млади но многу енергични.
Немаме никава дилема дека овој тим на наредните избори ќе донесе победа за ВМРО ДПМНЕ во Велес, затоа што велешани секогаш знаат да препознаат искрени и чесни намери, знаат да препознаат работа,а не празни ветувања.

Во наредниот период Општинскиот комитет има за задача да се екипираат сите комисии и работни тела на партијата. Затоа, ги повикувам сите членови , симпатизери и граѓани кои мислат дека со својот ангажман ќе дадат приоднес и да се пријават. За неколку дена ќе имаме повик за пријавување за членство во тие комисии, каде секој поддржувач на нашите политики, секој што во нас гледа нова енергија може да биде вклучен во работата на општинскиот комитет.
Почитувани,
Во оваа прилика дозволете да им изразам благодарност и голема почит на луѓето кои досега ја водеа партијата. Дел од нив сеуште се тука, дел не се, но ја имаме нивната безрезервна поддршка и совети кои многу ни значат.

Ви благодарам,

Датум на објавување
Печати

ВМРО-ДПМНЕ

Општински Комитет - Велес

ул.8ми Септември б.б, 1400, Велес

Телефон: +389 43 612 102 

Факс: +389 43 612 102 

Email: 
ok-veles@vmro-dpmne.org.mk