Jun 13

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес за 16-та седницата на Совет на Општина Велес одржана на 11.06.2018 година

Почитувани  со оглед на медиумскиот мрак во кој се наоѓа  веќе подолг период работењето на советот на општина Велес, како најголема политичка партија икако советници избрани од граѓаните да ги застапуваат нивните интереси должни сме и да ги информираме граѓаните за одлуки кои се носат а ги засегнуваат лично нив.

На една од претходните седници на Советот на предлог на градоначалникот  Аце Коцевски  беше поднесена точка на дневен ред одлука за утврдување на висината на надоместок за јавна чистота кој беше утврден по 0.25 ден по м2  за физички и правни лица  која беше поддржана од членовите на советот од редовите на коалицијата  на СДСМ и коалиционите партнери .

Само една  седница потоа како предлог се најде слична ваква одлука која се однесува повторно на воведување на нова такса за граѓаните со иста содржина  овој пат утврдување на цена  за надоместок за јавно зеленило исто така по 0.25 ден по м2 .

На оваа одржана седница одлуката не беше усвоена бидејќи  не доби поддршка ниту од членовите на советот од редовите на СДСМ и коалицијата  со барања да се одржат јавни расправи на оваа тема со стручни лица од областа и да се консултира социјално економскиот совет.

Mеѓутоа на 16-та седница на Советот која се одржа на ден 11.06.2018 година Оваа точка беше повторно ставена како предлог на дневен ред, а на почетокот на седницата беше со амандман поднесен од страна на градоначалникот истата изменета во делот на утврдениот коефициент за пресметување од 0.25 на 0.90 ден по м2и исто така амандман во однос на одлуката која беше донесена за јавната чистота  а каде коефициентот за пресметување се менува од 0.25 на 0.70 ден по м2. 

За жал одлуките овој пат иако многу повисоки беа прифатливи за  мнозинството во советот на општина Велес, и како такви усвоени  иако во овој краток период не се случи никаква промена која би влијаела на тоа овие одлуки да станат прифатливи.

Почитувани ова не беше дел од понуденото во изборната програма на градоначалникот со која ги доби гласовите на Велешани ветувајќи подобар живот за сите, зар ова воведување на нови давачки за граѓаните ќе доведе до тој подобар живот на граѓаните. 

Ние како ВМРО-ДПМНЕ можеме само да констатираме дека како што централната власт носи одлуки кои се штетни за граѓаните на Р. Македонија без никакви дебати како што беше зголемувањето на аксцизата за нафтени деривати од 3,5 денари, истата практика ја применува и локалната власт во општина Велес. Без никаква дебата и јавна расправа со новата одлука на советот на општина Велес по иницијатива на градоначалникот Аце Коцевски, секој граѓанин на општината со секоја наредна сметка ќе добива покачување на сумата за 1,6 денари по м2 од домот во кој живее или како споредба, доколку некој од жителите на општината живее во стан од 50м2 ќе плаќа сметка повисока за 90 денари секој месец.

 

            Со почит,                                                                                                                                   

 

ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес

 

Датум на објавување
Печати

ВМРО-ДПМНЕ

Општински Комитет - Велес

ул.8ми Септември б.б, 1400, Велес

Телефон: +389 43 612 102 

Факс: +389 43 612 102 

Email: 
ok-veles@vmro-dpmne.org.mk