Oct 22

Поддршката за господинот Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Игор Здравковски:
Факт е дека во последната година многумина од претходното а и неколкумина од сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, сакајќи да ја избегнат одговорноста за лошото функционирање и ситуацијата во која се наоѓа ВМРО-ДПМНЕ во моментов, се затскриваа, работеа и дејствуваа против интересите на партијата. Нивното однесување е разбирливо земајќи ги ги предвид профилилите на тие ликови како и траекторијата по која го достигнале политичкиот зенит. Сакајќи да наштетат на партијата и на претседателот Мицкоски но и Груевски претходно, тие му наштетија најдиректно на македонскиот народ. Чекајќи овој момент да го искористат, истите кажуваат дека работите не се движат во добра насока со цел да се исперат за своите гревови и да се претстават како спасители. Претседателот Христијан Мицкоски за релативно краток рок, успеа да ја консолидира партијата, успеа да направи митинг на кој би му подзавидил секој актуелен и сегашен политичар и тоа без никакви притисоци, успеа со поглед да убеди 1.200.000 гласачи да не одговорат на срамното референдумско прашање. Овие истите пак, целиот тој период во сенка чекаа на грешка на раководството за да го истурат целиот отров. Убеден сум дека доколку не беа тие 7 уценети "терористи" што гласаа за отпочнување на процесот на уставни измени, ќе се најдеа други квислинзи кој ќе поддржеа таков процес. Затоа, господинот Христијан Мицкоски, претседател на моето ВМРО-ДПМНЕ ја заслужува целата моја поддршка.
 

Датум на објавување
Печати

ВМРО-ДПМНЕ

Општински Комитет - Велес

ул.8ми Септември б.б, 1400, Велес

Телефон: +389 43 612 102 

Факс: +389 43 612 102 

Email: 
ok-veles@vmro-dpmne.org.mk