Артикли
Apr 16

Продолжува соработката на општина Велес со Франција

Општина Велес ја продолжува и продлабочува соработката со Република Франција, на полето на културата и архитектонското наследство. Денеска во посета на Општината беше  францускискиот амбасадор на Македонија, Бернард Валеро. 

Градоначалникот Горан Петров и францускиот амбасадор, на денешната средба договорија и конкретна соработка за престојните Рацинови средби, на кои ќе настапат неколку уметници од Франција. 

Повеќе...

Author: Super User Filed Under:
- Локални Датум на објавување Посети: 901
Печати
Apr 16

Отчет за првата седница на Советот од претседателот Славчо Чадиев

Отчет во јавноста за првата седница на советот денеска даде претседателот Славчо Чадиев. 

Тој најави дека овој состав на советот ќе го задржи силниот интензитет на работа што беше наметнат во последите шест месеци. 

Советот ќе одржува најмалку по две седници месечно,а согласно со обемот на активности и повеќе. 

 

Повеќе...

Author: Super User Filed Under:
- Локални Датум на објавување Посети: 865
Печати
Apr 15

Горан Петров ја презеде градоначалничката функција

Како по непишано правило примопредавањето започна во градоначалничкиот кабинет каде сега веќе поранешниот градоначалник Аце Коцевски го прими новиот градоначалник Горан Петров.

Средбата која што ја имаа Коцевски и Петров зад затворени врати траеше околу 30 минути.

Чинот на примопредавање продолжи во салата на Општината каде им беа доделени  решенијата за верификација на градоначалничкиот мандат и мандатот на 23 советници се заокружи процесот на Локалните избори 2009 година. 

Чинот на доделување на решенијата го следеа  поранешните советници, актуелниот пратеник Илија Димовски, вработени во Општината и други гости.

Честитки до новиот градоначалник и советниците најнапоред како поранешен претседател на Советот упати Славчо Чадиев.

Повеќе...

Author: Super User Filed Under:
- Локални Датум на објавување Посети: 963
Печати
Apr 10

Младите од ВМРО ДПМНЕ го „чистат“ градот од изборниот пропаганден материјал

Постерите со кандидатите за градоначалник и претседател на ВМРО ДПМНЕ се отстрануваат од  велешките улици.

Денеска активистите на унијата на млади сили ги отстранија од ѕидовите и од  сите други места каде што беа поставени.

Одлепените постери младите ги собираа во најлонски вреќи, не оставајќи ништо по тротоарите и улиците.

Повеќе...

Author: Super User Filed Under:
- Локални Датум на објавување Посети: 1062
Печати
Apr 07

Новиот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов во Велес

Два дена по завршување на претседателските и локалните избори во Велес дојде новоизбраниот претседател  на Република Македонија  Ѓорге Иванов.

„Во посета сум на Велес да им се заблагодарам на граѓаните за искажаната доверба и за гласовите што ги дадоа како за мене така и за градоначалникот и за Советот на општината. Довербата не обврзува да бидеме пообединети и посложни  во функција на просперитет и Македонија конечно да стане европска земја, членка на НАТО и  конечно обединети и силни да покажеме дека можеме да придонесеме за подобриот живот во  Македонија", рече новоизбраниот претседател Иванов.

Повеќе...

Author: Super User Filed Under:
- Локални Датум на објавување Посети: 950
Печати
Apr 03

Димовски: Ја урнавме сликата дека Коцевски е непобедлив

На 22-ри март велешани покажаа исклучително висок демократски капацитет и политичка свест а ВМРО ДПМНЕ оствари уверлива победа  со освојувањето на мнозинството на советници во Советот на општина Велес, рече денес пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Илија Димовски.

„ ВМРО-ДПМНЕ победува по трет пат, едноподруго, во Велес, што за нас претставува силен мотив да продолжиме со работата посветена на својот град и своите луѓе", вели Димовски.

Недела на 5-ти април Димовски смета дека велешани ќе се соочат со најзначајната одлука во поновата историја. Гласачите ќе бираат градоначалник помеѓу Горан Петров и Аце Коцевски .

Повеќе...

Author: Super User Filed Under:
- Локални Датум на објавување Посети: 889
Печати
Apr 03

Изберете ја нашата опција, изберете нов човек за „татко на градот“, вели советничката Марина Миајлевска

Со чуство на одговорност како сегашна но и идна советничка од СПМ, Марина Миајлевска вели дека преку јавното обраќање има за цел да им помогне на своите сограѓани во недела да го направат вистинскиот избор за градоначалник на Велес.

Миајлевска за наградите кои Општината ги има добиено во изминатиот период рече дека се добри но според неа тоа биле само награди на лист хартија кои никогаш не заживеале. Како една од таквите награди таа ја посочи наградата за едношалтерски систем прашувајки ги  велешани дали одредени работи ги завршиле токму на еден шалтер.

Повеќе...

Author: Super User Filed Under:
- Локални Датум на објавување Посети: 774
Печати

ВМРО-ДПМНЕ

Општински Комитет - Велес

ул.8ми Септември б.б, 1400, Велес

Телефон: +389 43 612 102 

Факс: +389 43 612 102 

Email: 
ok-veles@vmro-dpmne.org.mk