ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес со одлука донесена на седница на Општинскиот комитет, а врз основа на Статутот на ВМРО-ДПМНЕ објавува:

ЈАВЕН ПОВИК
за кандидирање на Претседатели и членови на Комисии

во состав на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес, за следните области:

  • КОМИСИЈА ЗА ЕКОНОМИЈА
  • КОМИСИЈА ЗА ПРАВНИ РАБОТИ
  • КОМИСИЈА ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, УРБАНИЗАМ И ЖИВОТНА СРЕДИНА
  • КОМИСИЈА ЗА КУЛТУРА
  • КОМИСИЈА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ
  • КОМИСИЈА ЗА ЗДРАВСТВО
  • КОМИСИЈА ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА
  • КОМИСИЈА ЗА МЛАДИ И СПОРТ

Кандидатите за Претседатели и Членови на Комисиите, почнувајќи од денот на објавување на овој повик, а најдоцна до 15.12.2020, потребно е да аплицираат преку апликација на веб страната на ВМРО-ДПМНЕ Велес или да достават кратка биографија на е-маилот okveles@gmail.com .

Кандидатите за претседатели на  комисии потребно е во прилог да достават и мотивационо писмо и програма за работа на комисијата, според нивните погледи, визии и убедувања.

Право за аплицирање имаат сите полнолетни граѓани, без разлика дали се или не се членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани и со нив ќе биде извршен разговор.

Сите кандидати имаат подеднакви шанси да бидат избрани, зависно од личните квалитети, успесите во минатото и визијата за иднината. Се потикнуваат да се кандидираат сите кои ги споделуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ, визијата за развој на град Велес и Република Македонија како и оние кои се чуствуваат подготвени своето професионално знаење да го стават во функција на напредокот на градот и државата. Секој пријавен кандидат ќе биде третиран со строга дискреција, со цел за заштита на кандидатите кои нема да бидат избрани.

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес го задржува правото да ги провери податоците кои се доставени.

По завршувањето на процедурата на избор, секој кандидат има право да ја повлече неговата документација, по негово сопствено барање.

Со почит,
ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес.